Соборен гинисовиот рекорд во најголем котел со зготвен грав во штипско Сарчиево
Денеска 8-ми Август 2010 лето господово штипско Сарчиево беше центарот на светот и на Република Македонија. По повод празникот Св Параскева или Св Петка во штипско Сарчиево се одржа оваа повеќечасовна манифестација која кулминираше со соборување на светскиот гинисов рекорд во најголем котел со зготвен грав. Манифестацијата започна во утринските часови во 6 часот и 20 минути кога и се ставаа состојките за приготвување на македонското гинисово гравче. Потоа следуваше осветувањето на првата летна црква во Македонија Св Петка која ја вршеше митрополитот охридски и македонски Г.Г Стефан. По свеченото осветување на црквата следуваше светата архиерејска литургија во изведба на поглаварот на МПЦ, владиката и свештенослужителите. По овој чин бизнисменот, главниот организатор и ктитор на црквата Г-нот Стојан Давчев им подели специјални подароци на сите свештени лица. Додека македонското гинисово гравче се крчкаше публиката која пристигна во голем број на овој свечен настан ја забавуваше културно уметничното друштво АКУД Мирче Ацев и КУД Ристо Донев-Учителот кои на овие простори делуваат неколку децении и ги негуваат изворните македонски песни, ора, игри и обичаи со богата културно уметничка програма. И на крајот дојде време кога требаше официјалните лица од Гинис да утврдат дали е соборен стариот гинисов рекорд кој беше во сопственост на студентите од Северна Дакота во САД кој изнесуваше околу 1350 литри. Со официјалното прогласување на новиот светски гинисов рекорд Република Македонија и штипско Сарчиево влегоа во историјата на гинисовите рекорди. Новиот рекорд кој е сега во наша сопственост изнесува 3150 литри. Гравчето кое го сруши рекордот се подготвуваше по традиционален македонски рецепт, а него го подготвув врвниот и најнаградуван готвач од реномираниот хотел Александар Палас, г-дин Љупчо Гиевски, заедно со неговите помошници.
Состојките кои се употребија за подготовка на Гинисовото гравче: 400 кг. грав 2.600 литри вода 200 кг. сланина 50 кг. кромид 70 кг. масло за јадење 9 кг. сол 7 кг. мешавина од зачини 1 кг. црн пипер во зарна 3 кг. мелен црн пипер 50 китки магдонос 32,6 кг. брашно 3,2 мелен црвен пипер
Главниот иницијаторот и организатор на овој настан г-дин Стојан Давчев доби признание за новиот гинисов рекорд на најголем котел на зготвен грав кој изнесува 3150 литри. По овој чин се пристапи кон послужување на гинисовото гравче за што се погрижија 50 студенти од Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот Гоце Делчев од Штип. Следуваше и прес конференцијата каде беа соопштени сите детали околу целокупната манифестација, а МТМ Телевизија ги имаше ексклузивните права за пренос на целата манифестација која одеше и во живо на нашата програма. Па нека ни е честит денешниот ден кој ќе паметиме по тоа што освен прилепската сарма и македонското гравче влезе во гинисовата книга на рекорди.
Во оваа прилика упатуваме благодарност до помагателите и подржувачите на двата големи настана: Обидот за соборување на Светскиот Гинисов рекорд за најголем котел со зготвен грав и осветувањето на првата летна црква во манастирскиот комплекс Св. Петка, а тоа се:
-Дасто Скопје -Зона Телекомуникации Босна и Херцеговина -Цаирнсцорпоратион Тампа -Неотопиа Скопје -Хотел Александар Палас -Винарија Сковин -Скопска Пивара -Општина Штип -Град Скопје -Јавно претпријатие Исар Штип -Градски паркинг Скопје -Факултет за туризам и бизнис логистика – Универзитет Гоце Делчев Штип -АКУД Мирче Ацев Скопје -Територијална противпожарна единица Штип -Мулти Медија Скопје -Средно општинско училиште Коле Нехтенин Штип -Општинско подрачно училиште Гоце Делчев Три Чешми -Про Кронос Скопје -Касарна Јане Сандански Штип -Тримакс Картографија Скопје -Национална установа за заштита на споменици и Музеј Штип -КУД Ристо Донев Учителот -Пикасо Штип -Уни Прес Скопје -СВР Штип -Бадник Скопје -Кен Панел Скопје -Амиго Скопје -Веел Пром Скопје -Јавна здравствена установа Здравствен дом д-р Панче Караѓозов -Казнено-поправен дом Штип - Феникс – Штип - Даниел Иванов - Бетон – Штип - Лонгуров Јордан - ЕВН – Штип - МПЦ – Брегалничка Епархија - Евротранс – Штип - Тасев Коле - Ресторан Нецко – Штип - Актива – Штип - Алмонд – Штип - Петровски Љупчо - Шапков Сашо - Генекс – Кочани - Институт ЈУГ – Скопје - Фершпед – Скопје - Европа – Скопје - Македонија пат – Штип - Мултикрем – Штип - Давчев Санде - Хемија комерц – Велес - Македонски Телеком - Скопје
Медиумски помагатели:
-Телевизија МТМ Скопје -Телевизија Стар Штип -Национална и сателитска телевизија Сонце -Телевизија К3 Босна и Херцеговина
Котелот во Штип
Оваа недела, котелот во кој ќе се вари гравчето за Гинисовиот рекорд ќе биде поставен на плоштадот во Штип. Остана уште малку време до одржување на големата манифестација во малото штипско населено место Сарчиево. Оваа недела котелот ќе биде поставен на плоштадот во Штип, па така штипјани ќе имаат можност да го видат котелот во кој на осми август по традиционален македонски рецепт ќе се вари гравче во количина од 3450 килограми. Исто така, оние граѓани на Штип кои сакаат да донираат финансиски средства, тоа може да го направат на лице место, каде што на еден од држачите на котелот има поставено каса или пак тоа да го направат на жиро-сметка која е испишана на самиот котел, односно за Гинисов рекорд 380138537503167 - Прокредит банка АД Скопје. Истиот ден, во Сарчиево, по повод верскиот празник Света Петка ќе се одржи осветување на обновената црква Света Петка и нејзината камбанерија. Во моментов се уште траат градежните работи околу црквата, па штипјани и тука може да учествуваат со свој доброволен прилог на жиро сметката за манастирскиот комлекс 380138537504137 - Прокредит банка АД Скопје. Инаку, откако котелот беше отстранет од плоштадот Македонија во Скопје, поставен е во скопската населба Маџари, пред објектот на приватната фирма Дасто, чиј соственик, Господинот Стојан Давчев е иницијатор и организатор на целокупната манифестација. Во Дасто завршија последните контроли на котелот, сега се чека на неговата преселба во Штип, а потоа во Сарчиево. На крај, нам ни останува да ве поканиме на големиот настан, а потоа сите заедно да пробаме од вкусното македонско гравче, прочуено во целиот свет.
Прес конференција - Штип (31.07.2010)
Македонско гравче за Гинис
Почитувани,
Ве информираме дека на 08.08.2010 на големиот верски празник Св. Петка во истоимената црква во с. Сарчиево, Штип во котел од 3450 литра ќе се готви традиционално македонско гравче. На овој ден ќе биде осветена новата летна црква Св. Петка, а истовремено ќе се направи обид за рушење на СВЕТСКИОТ ГИНИСОВ РЕКОРД за најголем котел во кој се варел грав. Настанот ќе биде проследен со богата културно-уметничка програма во присуство на истакнати личности од земјава и странство. На рушењето на СВЕТСКИОТ РЕКОРД лично ќе присуствува официјален судија од Интернационалната организација СВЕТСКИОТ ГИНИСОВ РЕКОРД, кој ќе ги надгледува подготовката и текот на готвењето. На осветувањето на првата летна црка во Македонија ќе присуствува поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан и владици од регионот, а планирано е присуство на претседателот и премиерот на Република Македонија. Главната манифестација ќе се случува на 08. август 2010 година (недела) од 07:00 часот до 15:00 часот. Со доброволениот прилог на отворените жиро сметки: 380138537504137 и 380138537503167 во ПроКредит Банка, граѓаните ќе помогнат за доизградба на манастирскиот комплекс во с. Сарчиево и ќе ја подржат иницијативата со која организаторт го привлекува вниманието на светот на несекојдневен начин. Котелот од 12 до 21 јуни 2010 год. ќе биде поставен на Плоштадот Македонија.
Иницијатори и организатори ДАСТО Скопје Вики и Стојан Давчеви